Стручњак за говор на тело ги протолкувал фотографиите на славниот пар и открил што всушност се крие во врската на идните сопружници.
Бланка Коб, експерт за говор на тело, гледајќи ги фотографиите на парот за кој говори цел свет, ги открила тајните на нивната врска и просудила колку е таа воопшто јака и дали ќе потрае.
1. Нозе прекрстени во правец на партнерот
Неколку месеци пред свршувачката, на 25. септември оваа година, Меган и Хари гледале тенис во Канада. Освен доброто расположение, Бланка воочила уште еден интересен детал.
-Кога ќе ги прекрстите нозете кон некого тоа е знак дека го примате во сопствената зона, зоната на апсолутен комфор. Тоа е чиста поврзност (на партнерот). Иако Меган ги прекрстува рацете, јасно е дека тоа го прави за да се потпира, но нејзините прсти говорат многу. Шаките и се генерално опуштени, што значи дкеа се чувствува многу добро тука каде што е. Од друга страна, принцот зазема доста простор,а тоа е знак на самодоверба која е на добро ниво. Сите луѓе кои се сигурни во себе заземаат доста простор. Меѓутоа, тоа што си игра со прстите претставува дека е присутна мала доза на нервоза-рекла Бланка.
2. Држење за раце во текот на одењето
Дланка од дланка – знак на длабока љубов и силна врска меѓу партнерите. Бланка нагласила дека неговата рака преку нејзината значи дека тој е тој кој донесува одлуки во нивната врска. Макар, во повеќето случаи.
И двајцата одат ускладено. Тоа значи дека се исклучително поврзани, емотивно ускладени.И воопшто не сум загрижена со тоа што ја прекрстил десната рака преку телото, очигледно дека на левата нешто му пречело. Секако има нешто на ум, но се’ е во совршен ред, генерално.
3. Хари седи зад Меган
На оваа фотографија принот Хари седи една скала повисоко од Меган Маркле, што може да биде знак дека тој е појак од неа во врската. Неговиот образ, пак, ја допира нејзината глава, што е јасен знак на убави емоции, чувство на интима, додека таа на него се потпира поради поддршка.
Иако фотографијата е добро смислена да изгледа токму така, Бланка ги забележала нивните испреплетени прсти на рацете, и според тоа просудила дека помеѓу идните сопружници има многу љубов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расте од ден во ден: Нови фотографии од бремената Меган Маркл!
-
Надвор од протоколот: Меган размислува да се породи дома!
-
Не можела веќе да издржи: Помошничката на Меган која даде отказ, откри страшни детали за кралското семејство!
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти