| четврток, 6 декември 2018 |

Изгорел под хипотека: Извршител го продава станот на Самка Ибраимоски во Тетово

Извршител го продава станот на Самка Ибраимовски во Тетово. Според податоците објавени на сајтот на НБРМ и на НЛБ Банка, извршителот Маја Ивановска Тофиловска нуди на продажба стан од 100 метри квадратни во Тетово, а неговата вредност не е утврдена.

Како сопственик на имотот се води Самка Ибраимоски, а имотот бил под хипотека.

Интересно е што во анкетниот лист на екс министерот и сега пратеник во Собранието, Самка Ибраимоски ваков имот не е наведен. Во него може да се види дека Ибраимоски има стан во Тетово, но тој е за 10 метри квадратни поголем од овој кој што се нуди на продажба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top