| четврток, 6 декември 2018 |

Засекогаш забетониран подрумот на монструмот Фрицл

Подрумот во кој монструмот Јозеф Фрицл цели 24 години ја чувал затворена својата родена ќерка, која ја злоставувал и со која имал седум деца, засекогаш ќе биде забетониран.

Градежните работи околу затрупувањето на подрумот веке се во тек информираа надлежните власти во Австрија.

podrum fricl

Монструмот Фрицл судот го осуди на доживотен затвор, откако беа презентирани доказите во кои беше наведено дека тој својата ќерка Елизабет ја злоставувал, ја држел во заробеништво и имал седум деца.

Сега неговата ќерка живее на непозната локација во Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top