Како што јавуваат англиските медиуми, голема е веројатноста голманот на ПСЖ, Кевин Трап да го напушти „Паркот на принцовите“ веќе во јануари.
27-годишниот германски голман не бил задоволен од минутажата која што ја добива во ПСЖ, откако пристигна во Париз во јули 2015-та година за 10 милиони евра од редовите на Ајнтрахт Франкфурт.
Неговиот агент денес потврди дека доколку се укаже некаква прилика, Кевин Трап ќе го напушти парискиот клуб. Наводно за неговите услуги покажале интерес од Ливерпул затоа што тренерот на „Редсите“ не бил задоволен од првиот голман на тимот Симон Мињоле. Наводно од ПСЖ бараат 15 милиони евра за Трап, па останува да почекаме и да видиме во јануари дали англискиот клуб е подготвен да го плати тој износ за неговите услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.