| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува ноќното обележување на скопските улици

Екипите на Улици и патишта го започнуваат ноќното обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во недела вечер.

Стартната позиција на екипите за бележење е од улицата „Димитрија Чуповски“ кај порта „Македонија“, а со цел да се избегне сообраќајниот метеж, обележувањето ќе се одвива до 06:00 часот другиот ден.

Како и секоја година обележувањето на главните улици во градот се спроведува според однапред утврдената динамика на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top