Комуналната инспекција на општина Центар ги предупредува субјектите согласно Законот за комуналните дејности да го исчистат просторот пред влезовите.
Општина Центар соопшти дека нејзините вработени и зимската служба ноќеска ги исчистиле сите улици кои се под нејзина надлежност.
– Континуирано се чистат улиците во Мало Курило, Долно Водно и Водно. Исчистени се и улиците „Ѓуро Ѓоновиќ“ и „Пролет“ и сите приоди до градинките и до училиштата. Во текот на ноќта фрлени се 50 тони сол или вкупно, со почетокот на снегот, фрлени се 110 тони сол на улиците во Центар. Се чисти со неопходната механизација, но и рачно вработените ги чистат улиците и тротоарите, соопшти Центар.
Оттаму додаваат дека надлежните се подготвени доколку повторно падне снег да излезат на терен и да ги исчистат сите критични точки и улици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.