| четврток, 6 декември 2018 |

Новата година ќе ја дочекаме на минусни температури

За новогодишната ноќ времето ќе биде облачно, без врнежи и не многу студено. Температурата во понеделник наутро ќе се движи во интервал од минус пет до неколку степени над нулата.

Од УХМР најавуваат дека нов влажен воздушен бран се очекува од среда ноќта кон четврток, што ќе почне со зголемена облачност, а врнежи ќе има утрото најпрво во западните делови, а потоа ќе се прошират насекаде поинтензивно на запад и исток. Врнежите ќе бидат претежно од дожд само на високите планини од снег.

Во петок ќе има помалку врнежи, но ќе биде постудено и понекаде особено на северот слаб снег и на повисоките места.

За време на викендот не се очекуваат врнежи. И за новогодишната ноќ нема да биде многу студено, ќе има мала облачност. Температурата ќе се движи во интерварл од минус пет до плус неколку степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top