| четврток, 6 декември 2018 |

Во изминатите 25 години Белград загубил 70.154 жители

Во изминатите 25 години Белград загубил 70.154 жители, или колку и населбата Обреновац, јавуваат српски медиуми.

Податоците на табелата на Секретаријатот за управа – Сектор за статистика покажува дека се поголемиот број жители на главниот српски град е пред се резултат на миграција на население од други места во Белград отколку на „бејби-бум“.

Позитивниот природен прираст во Белград имало во 1991 година. Тогаш се родиле 2.118 бебиња повеќе октолу што починале лица. Од почетокот на војните, санкциите, заминувањата во странство, таа бројка е во пад, а во еден момент разликата родени-починати е -5.434 животи.

Од 1991 – 2016 година, Белград само во таа разлика останал ускратен за 70.154 жители,. Тоа знаи дека исчезнала една населба со големина на Обреновац или Стари Град. За сето тоа време се раѓале повеќе машки деца отколку девојчиња, но од друга страна умирале повеќе мажи отколку жени. Таа статистика е изменета само во изминатите три години, кога повеќе белграѓанки го напуштиле овој свет, јавуваат медиуми во Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top