Регионалните и светските медиуми пренесуваат дека Христијан Мицкоски е нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Во своите извештаи, тие јавуваат дека главната македонска опозициска партија, десничарската ВМРО-ДПМНЕ, во саботата го замени својот лидер Ниукола Груевски и го назначи Христијан Мицкоски за негов наследник.
– Наследникот на Груевски, Христијан Мицкоски (41) стана генерален секретар на партија на почетокот од годината. Претходно работеше во Владата на Груевски како директор на ЕЛЕМ, државна компанија за производство на електрична енергија, пишува „Ројтерс“.
Веста за назначувањето на Мицкоски за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ ја пренесуваат и кинеската новинска агенција „Ксинхуа“, „Асошиејтед Прес“ како и голем број други светски агенции и регионални и светски медиуми, меѓу кои и британскиот „Дејли Мејл“.
– Христијан Мицкоски е нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, одлучено е денеска со мнозинство гласови на вонредниот конгрес на партијата, јави новинската агенција „Танјуг“.
Новоизбраниот претседател Мицкоски, истакна дека главна цел му е консолидацијата на партијата и победа на следните парламетарни избори.
– Сега е време да станеме сите заедно, ВМРО-ДПМНЕ, го очекува тоа од нас, а Македонија – нашата татковина, го бара тоа од нас. Потребен е нов елан и нова енергија, зошто нашиот народ бара светлина и надеж, бидејќи ова што се случува не е светлина, туку темнина и разочарување, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Мицкоски: Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?
-
Мицкоски: Заев се фалеше дека странските инвестиции ќе растат, НБРМ констатира минусно салдо и одлив на инвестиции
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии