| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е Христијан Мицкоски, новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

Со 376 гласови „За“, Христијан Мицкоски на конгресот во Валандово денеска беше избран за нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ. До пред конгресот Мицковски ја обавуваше функцијата генерален секретар на партијата, на која 30 јули годинава.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ тој беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ и професор на Машинскиот факултет при УКИМ.

Мицкоски е млад, перспективен кадар на Партијата. Неговото досегашно богато работно искуство е надополнето со преку 100 научни трудови, а добитник е и на повеќе меѓународни награди и признанија за иновации. Партиципирал во изработка на редица меѓународни развојни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката.

За стручноста и капацитетите на новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ говори и фактот што АД ЕЛЕМ во соопштение во минатата година напиша „’Електрани на Македонија’ може да има само придобивки од искористувањето на стручениот, професионалниот и меѓународно признат капацитет на Христијан Мицкоски кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.

Учествувал во изработка на редица меѓународни проекти од областа на енергетиката и мехатрониката, а во 2001 година е избран за најдобар дипломиран студент на Машинскиот факултет во Скопје. Неговата академска надградба продолжила на универзитети во Германија и Италија каде магистрирал и докторирал, а реализирал и неколку студиски престои во Италија, Австрија и Германија. Оттука, „Електрани на Македонија“ може да има само придобивки од искористувањето на неговиот стручен, професионален и меѓународно признат капацитет кој ќе ја продолжи и унапреди развојната политика на компанијата.

Мицкоски од 2015 година до крајот на мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ беше Советник за енергетика на претседателот на Владата, во моментов е вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје, а во 2011. година, Мицкоски бил и визитинг професор на Техничкиот универзитет во Виена.

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ има и големо партиско искуство: тој во април годинава беше избран за претседател на Кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ, а член на Комисијата е од јули минатата година, беше дел и од Републичкиот изборен штаб на изборите во 2011. година, а претходно и од Регионалниот изборен штаб на Изборната единица 4, на изборите во 2008, 2014 и 2016 година.

Мицкоски беше и ко-претседател на Комисијата за енергетика во периодот од 2010 до 2012 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top