Според информациите од Основен суд Скопје 2, во судот вчера вечер пукнала цевка која предизвикала поголема поплава, јави „Канал 5“.
За да не настане поголема штета, целосно била исклучена електричната енергија.
Дефектот бил саниран, но струјата не била вклучена и денеска за целосно да се исуши намокрената инсталација.
Некои од адвокатите и од граѓаните што доаѓаа на закажаните рочишта се качуваа во темните судници за да добијат нови датуми за судење, други, пак, што дојдоа подоцна беа враќани уште на влезот на судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



