| четврток, 6 декември 2018 |

Облечете се топло, денеска ќе биде ветровито и ладно

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во северните делови и на планините со провејување снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 60 километри на час.
Температурата ќе се движи од минус два до седум степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до три степени.
Од недела следува период на стабилно и суво време со пораст на дневните температури. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста, а во ноќта кон четврток и во четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top