Австралиската полиција соопшти дека запленила 1,2 тона менамфетамин, што е најголемо количество досега во земјата, а неговата вредност на пазарот изнесува 1,04 милијарди австралиски долари (802 милиони американски).
По спроведената истрага, покренати се обвиненија против осум лица во крајбрежниот град Џералдтон во сојузната држава Западна Австралија. Полицијата соопшти дека сите обвинети се Австралијци.
Во соопштението до медиумите пет надлежни органи, вклучувајќи ја и федералната полиција, истакнаа дека сега е запленето количество кое го надминува претходниот рекорд од 903 килограми метамфетамин, конфискуван во Мелбурн во почетокот на годината.
Ова е и најголемото количество на каква и да било дрога што некогаш е запленета во Западна Австралија, најголемата држава со должина на брег од речиси 13.000 километри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.