Францускиот институт во Скопје и Асоцијацијата на архитекти на Македонија ќе ја одбележат педесетгодишнината од скопскиот земјотрес со манифестацијата „Скопје се сеќава“, во чии рамки ќе се одржат два настана. Утре во 19 часот во Музејот на град Скопје ќе се одржи предавање и презентација на проектите на реномираниот француски архитект Марк Барани, а в сабота, во 19 часот, во Кинотека на Македонија ќе се одржи проекција на документарни филмови на францускиот видаст Кристијан Барани, кој преку видеоматеријали ќе прикаже како се реконструираат градовите по катастрофи. По проекцијата ќе се одржи дебата со присутната публика.
Двата настани се реализираат во соработка со Музеј на град Скопје и Кинотека на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


