| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена жена во гостиварско: Со пиштол и барале пари и злато, си отишле со 5 000 денари

Три непознати маскирани лица синоќа, околу 20:45 часот во с.Добридол, гостиварско, извршиле разбојништво над Ш.Б. (51).

– Дододека оштетената била во својот дом, поточно во помошна просторија-летна кујна, сторителите со закана со пиштол побарале злато и пари од неа. Таа им дала 5.000 денари и лицата заминале во непознат правец, посочуваат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top