| четврток, 6 декември 2018 |

Рајан Лохте лаже!

plivaci sad

Сагата околу вооружениот грабеж во Рио во кои беа вклучени четири пливачи од олимпискиот тим на САД, меѓу кои и легендата Рајан Лохте, доби свој епилог.

Полициските власти во Бразил по разговорот со пливачите и прегледувањето на безбедносните камери, констатирале дека се е лага. Тоа го потврдува и олимпискиот комитет на САД откако Лохте и другарите признаа дека ја измислиле приказната.

Челниците на Олимпискиот комитет на САД со соопштение се извинува на целиот бразилски народ поради лошото однесување на четирите пливачи кои се пожалиле дека биле ограбени и им претеле со огнено оружје.

– Однесувањето на овие пливачи е неприфатливо и не ги преставува вредностите на американскиот тим во Рио – се потенцира во соопштението кое го испрати олимпискиот комитет на САД.

Лохте, Конгер, Бенц и Фајген во шест часот наутро застанале на бензинска станица во близина на спортските борилишта во Рио и откако не успеале да влезат во тоалетот ја скршиле вратата. Откако чуварот пристигнал на местото и по долгата расправија, тие ја платиле штетата и си заминале.

Човекот од обезбедувањето на појасот имал пиштол, но не го извадил и вперил во пливачите. Со помош на еден муштерија кој знаел англиски побарано е Американците да си ја платат штетата и да си заминат.

Конгер и Бенц кои се запрени на аеродромот во Рио со цел да го напуштат Бразил, први признале дека целата приказна околу вооружениот грабеж е измислен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top