Нов земјотрес се случи денес во западната иранска провинција Керманшах, во близина на границата со Ирак. Сѐ уште нема извештаи за жртви, објави Ројтерс, повикувајќи се на државната телевизија.
Ударот бил 5,2 степени. Спасувачки тимови се испратени во градот Хубанан, каде што бил епицентарот на земјотресот.
Минатиот месец, 620 лица загинаа, а илјадници беа повредени во силен земјотрес со јачина од 7,3 степени во провинцијата Керманшах во Иран.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.