| четврток, 6 декември 2018 |

Заврши гласањето во ОН за одлуката на Трамп: 128 земји меѓу кои и Македонија, гласаа против

Генералното собрание на ОН, на вонредната седница со 128 гласови „за“ и девет „против“ го прогласи за неважечко американското признавање на Ерусалим за престолнина на Израел. 35 од земјите членки гласале воздржано.Македонија е од земјите кои гласале „за“.

Пред самиот почеток на гласањето, американскиот претседател Доналд Трамп и американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, упатија остро предупредување да не се гласа против САД, затоа што ќе се соочат со финансиски санкции.

Во заострена реторика, претходно Трамп, а потоа и Хејли порачаа дека Америка будно ќе го следи гласањето и ќе забележува кој како ќе гласа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top