Новогодишните празници не можат да поминат без руска салата и кифлички. Овој пат подгответе ја салатата по оригинален рецепт.
Потребни состојки:
6 големи компири
3 моркови
250гр грашок
6 кисели краставички
250гр шунка
200гр кашкавал
400гр мајонез
1 лажичка сенф
сол, бибер
Начин на подготовка:
Сварете ги компирите и морковите. Исечети ги на поситни коцкички и ставете ги преку хартија да се впие вишокот вода. На ситни коцкички исечкајте ги и краставичките па и нив ставете ги врз хартија. Со иста големина коцкички исечкајте ги и шунката и кашкавалот. Ставете ги сите состојки во длабок сад, додајте бибер и сенф и посолете по желба. На крај ставете го мајонезот и мешајте убаво за да се спојат сите состојки. Доколку е салатата сува, додајте уште малку мајонез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.