Извештајот на DealNews, кој секоја година ги рангира цените и нивните промени во текот на годината, вели дека голем број на производи и услуги ќе бидат со покачени цени во новата 2018 година, но ќе биде забележано и опаѓање на цените на некои од производите.
Што ќе биде поскапо?
Телефони
Смартфоните веќе станаа значително поскапи во последните две години, а тој тренд ќе продолжи и понатаму. Тоа е тренд кој е спротивен од оној кај другите технолошки производи, кои како што поминува времето, стануваат поевтини.
Патувања
Во последните неколку години авионските патувања станаа поевтини, но во наредната 2018 година тие ќе бидат поскапени, што е предизивикано од банкротирањата на неколку светски авиопревозници. Освен тоа, се очекува да поскапат и цените на хотелските соби.
Пилешко месо и останати прехрамбени производи
Иако цените на месото, јајцата и прехрамбените производи беа константно во опаѓање, сепак, во наредната година тие ќе се покачат за 1 до 2 проценти. Посебно покачување на цените се очекува кај пилешкото месо и авокадото.
Што ќе биде поевтино?
Органски прехрамбени производи
Додека останатите прехрамбени производи ќе бидат со покачени цени, се очекува цените на органските производи да опаднат за неколку проценти. Најголемата причина за ова е фактот што неколку од најголемите производители на органска храна во светот беа купени од огромните светски корпорации.
4К телевизори
Ако ви е некоја утеха, во новата 2018 година ќе можете да си купите 4К телевизор за значително помала цена од онаа која досега беше актуелна на пазарот. Напредокот на технологијата и зголемувањето на бројот на производители направи цените на телевизорите да паднат.
Половни автомобили
Секоја година цената на половните автомобили опаѓа, па така ќе биде случајот и во наредната година. Оваа година беше забележан пад од 17% на цените на автомобилите кои се постари од 5 години. Во 2018 година се очекува цените да паднат помеѓу 20% и 50%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.