За прв пат, во Скопје, на плоштад Македонија, „Медиа Сити“ организира голем Плејстејшн (PlayStation) турнир, на уште поголем екран – 120 квадрати резервирани само за вас.
Натпреварот ќе се одвива во три категории, и тоа тенис (Champions 2 Tenis), танц (Everybody Dance) и рели (MotorStorm Apocalypse). Бројот на учесници е ограничен, и тоа на 34, од кои 16 во категорија тенис, 10 во категорија танц и 8 во категорија рели.
– Целта на настанот е да се забавуваме – велат од „Медиа Сити“ додавајќи – На сите ни треба малку релаксација и забава, и по можност да побегнеме накратко од здодевното секојдневие. Втората цел, е секако да се испромовира медиумот кој го имаме. За жал, како да забораваме дека го имаме. Ова е медиум кој по сите критеруми е супериорен во категоријата outdoor огласување, по големина е најголем во Југоисточна Европа – дури 120м2, звучно е опремен и нуди исклучително квалитетна слика. Но, во последно време, некако се навикнавме на се што е мега, големо, импозантно, па карактеристиките на дисплејот ни доаѓаат како нормални. Забораваме да го цениме она што секаде во светот претставува тренд во современиот адвертајзинг.

– Истотака, целта е да се покаже интерактивноста на медиумот, во надеж дека ќе поттикнеме и поголем број на креативни кампањи и кај нас, во Македонија. Сметаме дека има огромен потенцијал и креативност и кај нас, но за жал ретко можеме да видиме креативен начин на огласување, особено онакво кое активно ги вклучува потрошувачите, клиентите, пошироката јавност.
Затоа, ако мислите дека играте тенис како Новак Ѓоковиќ, сакате да возите како Кен Блок и Себастијан Лоеб, или знаете да танцувате како Мајкл Џексон, дојдете на плштадот „Македонија“ на 28.06.2013, во 20:00 часот, за едно виртуелно натреварувачко искуство. Најдобрите во трите категории ќе освојат и награди од спонзорите, и тоа од МТП Sports Club, балетско студио Ребис…
Па ете, еден малку поразличен план за петок вечер. „Медиа Сити“ ве очекува на плоштад Македонија, каде ќе бидете дел од најголемиот досега PlayStation турнир. За учество пријавете се на фан страницата на Медиа Сити на Фејсбук – facebook.com/MediaCityMKD или на Твитер – twitter.com/MediaCityMKD.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)
-
Триумф на македонските хорови: „Менада“освои второ место во Белгија, „Гортинија“ со „Мама миа“ настапи во Солун
-
Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на интернационален натпревар, следуваат концерти во Атина, Софија и Париз


