Зимата оваа година почнува на 21 декември во 17 часот и 28 минути. Во истиот момент, за жителите на јужната хемисфера почнува летото. Денеска е најкраткиот ден во годината, а ноќта е најдолга.
Климатските изгледи покажуваат дека температурата во воздухот во текот на зимата 2017/2018 година ќе бидат над просечните вредности за околу еден степен. Тоа значи дека метеоролозите очекуваат дека зимата ќе биде топла во однос на минатата. Зимските температури ќе се движат во интервал од еден до четири степени, односно од минус четири до нула во планинските предели.
Во текот на зимата не се очекуваат екстремно ниски температури во подолг временски период, односно не се очекуваат студени бранови како оние во февраури 2012 година, кога беа забележани поголем број студени денови во континуитет.
Но, постојат услови за појава на студен бран, посебно во крајот на јануари и почетокот на февруари. Се очекува дека ќе има меѓу 10 и 20 студенти денови, а на планините од 25 до 45.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.