Српските медиуми не престануваат да изнесуваат најнови информации за шокантните сцени на Јужната трибина на стадионот „Хумска“ во Белград, на која Балканот беше сведок на немили сцени проследени со крвопролевање и жестока тепачка меѓу навивачите.
Имено инцидентот се случи на јужната трибина меѓу најжешките и најстраствените навивачи на Партизан, а во случајот популарните „Гробари“ беа доведени во ситуација да ја бранат својата група и честа на истата од предавничка подгрупа која сакала да ја презема власта на трибината. На крајот испадна дека биле ангажирани платеници од Хрватска за да се предизвикаат хаос на трибината, но истите покрај тоа што изедоа добар ќотек, беа соблечени до гола кожа и им беа украдени личните документи.
Сега полицијата излезе со информации дека на шест хрватски хулигани им се поднесени кривични пријави и се сомничат дека се главните платеници за да направат неред на трибината на стадионот на Партизан. Според Законот за кривична постапка на Србија може да добијат и затворска казна до 12 години.
Полицијата успеала да дојде до некои ,,сочни” докази од хотелските соби во кои биле сместени и тоа со напишани насоки како да дејствуваат во главниот град на Србија, Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
Избегнат поголем инцидент во скопска градинка: Извадиле пиштол и нож спремни за пресметка
-
Избегнат сериозен инцидент: Стотина полицајци се обидоа да се конфронтираат со #Бојкотирам, спречувајќи ги да протестираат пред Влада!
-
Инцидент на Тур де Франс, полициски солзавец ја прекина трката (ФОТО)