Две лица биле полесно повредени во две од вкупно седум сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во пет незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и седум возачи за неправилно престројување.
Од сообраќај биле исклучени седум возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и седум неисправни возила. Санкциониран бил и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло. Затекнати биле 82 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 80 возила. Одделението за превенција ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (престројување, брзина). Истата ќе се одржи во просториите на ПСОН Гази Баба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот