| четврток, 6 декември 2018 |

Чествување на Анте Поповски во Спомен собата во Ѓорче Петров

Друштвото на писателите на Македонија утре (петок, 22 декември) во 13 часот во Спомен собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров, ќе ја одржи традиционалната манифестација во чест на овој знаменит поет, есеист и академик, еден од претседателите на македонската писателска асоцијација.

Пред љубителите на литературата и почитувачите на делото на Анте Поповски ќе настапат поетите: Милован Стефановски, Иван Чаповски, Кристина Николовска, Кочо Топузоски, Атанас Чупоски, Раде Силјан, Филип Клетников, Христо Петрески, Веле Смилевски, Олга Панкина, Васил Дрвошанов, Љерка Тот Наумова, Стојан Тарапуза, Паскал Гилевски, Ленче Милошевска, Миле Јовановски Поречанец, Васил Мукаетов, Горан Анчевски, Перо Миленковски и Мирче Нешовски. Средбата ќе ја води Антонио Павловски.

Поетите на ДПМ за библиотеката при Спомен собата на Анте Поповски ќе подарат свои книги.

Анте Поповски (1931-2003) е автор на богат поетски опус во кој, меѓу другите, се и стихозбирките: „Одблесоци“, „Вардар“, „Непокор“, „Камена“, „Тајнопис“, „Сина песна“, „Света песна“ и „Две тишини“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top