Читатели на „Република“ јавуваат дека на излез од Македонија кон Грција, кај граничниот премин „Богородица“, се чека и по три часа на температура од 40 степени.
– Уште вчера, полицијата ги отвори сите шест ленти на граничниот премин. Јас тргнав во 8 часот во Скопје, а кога стигнав до граница околу 9.40 пред мене имаше река автомобили. Помина еден час откако го поминавме ридот и го видовме граничниот премин – вели патник што тргнал за Грција.
Тој пред половина час (13 часот) сѐ уште чекаше за влез во Грција.
Надлежните сѐ уште не располагаат со бројки колку македонски државјани заминале на одмор во Грција од почетокот на месецов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција


