| четврток, 6 декември 2018 |

Грчката Влада негира дека се подготвува за предвремени избори

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Цанакопулос ги отфрли шпекулациите дека премиерот Алексис Ципрас планира предвремени избори и изјави дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2019 година.

Ваквиот одговор Цанакопулос го даде на прашањето дали потегот на Владата да подели божиќни бонуси на социјално ранлчиците семејств, значи дека се подготвува за предвремени избори.

Грчките медиуми потенцираат дека партијата СИРИЗА на Ципрас заостанува во анкетите зад конзервативната Нова Демократија, поради што социјалните мерки ги гледаат како обид да си го подобри рејтингот пред избори.

Според Цанакопулос, мерките на зголемено трошење се со цел да им се помогне на социјално згрозените семејства, кои се најдоа на удар на претходните мерки на кратење на расходите, како и да и се помогне на економијата на грчките острови на кои им беа укинати даночните олеснувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top