Весникот „Македонски спорт“, повикувајќи се на сигурни извори, објавува дека постојат многу големи шанси турскиот Суперкуп да се одигра во Скопје.
Претставникот на Турската федерација е во Скопје веќе неколку дена, каде што, според „Македонски спорт“, се договораат деталите.
– Шансите турскиот Суперкуп меѓу големите турски гиганти Фенербахче и Галатасарај да се одигра во Скопје и натаму се големи. Можеби најголеми, со оглед на тоа дека „Македонски спорт“ од свои извори дознава дека премиерот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, наредил овој меч да се игра во македонскиот главен град – пишува „Македонски спорт“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.