Вчера во 16.30 часот во казино на ул. „Филип Втори Македонски” С.В. (30) и М.Р. (33), двете од Скопје, вработени во казиното, пријавиле дека истиот ден во 15.45 часот физички биле нападнати од непознато лице.
Напаѓачот почнал да ја удира С.В. со тупаници по главата, по што М.Р. дотрчала да и помогне. Во тој момент напаѓачот со нога ја удрил и М.Р. во стомакот и побегнал во непознат правец.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.