| четврток, 6 декември 2018 |

Генералното собрание на ОН ја прогласи Русија за окупаторска сила на Крим

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која Русија е прогласена за „окупаторска сила“ на Крим и се осудува кршењето на човековите права на полуостровот.

За Резолуцијата, што ја предложи Украина, гласаа 70 држави, 26 беа против, а 76 се воздржаа од гласање.

Со резолуцијата се осудува „привремената руска окупација на украинската територија Крим“.

Генералното собрание на ОН слична резолуција усвои и во декември 2016 година.

Како што пренесува МИА, Македонија, САД и повеќето европски држави гласаа за Резолуцијата, додека меѓу оние кои се изјаснија против документот беа и Русија, Кина, Индија, Белорусија, Иран и Србија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top