| четврток, 6 декември 2018 |

Кај албански државјанин најдено оружје

pistol

Охридската полиција фатила албански државјанин кој кај себе имал непријавено оружје и поголема сума пари.

СВР  Охрид против албанскиот државјанин А.П. (51) поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 19 овој месец, околу 13.40 часот, на улица „Коста Абраш“ во Охрид, при преглед на патничко моторно возило „митцубиши“ со албански регистарски таблички, сопственост на пријавениот, пронајден е пиштол „специјал-38“ со пет куршуми во него. Воедно, во платнена чанта, сместена во фиока меѓу двете предни седишта, се пронајдени  7 куршуми и два ножа во футроли. Пријавениот нелегално го чувал оружјето во својот дом во Поградец, односно не поседувал никаква документација. При преглед, кај пријавениот се пронајдени 10.100 денари, 900 американски долари, 35.700 албански леки и 70 евра во различни апоени, кои се одземени за понатамошна постапка и за вештачење. Во возилото, покрај пријавениот, се наоѓале уште три други лица, сите албански државјани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top