Дваесет и две годишната Бетани Лин Стивенс, од Гучланд, Вирџинија била искасапена до смрт од нејзините две кучиња кои ги чувала.
Таа била пронајдена мртва откако нејзиниот татко пријавил дека ја нема. Бетани тргнала на прошетка со двете кучиња во локалната област каде вообичаено се шетала со песовите, но тие ја нападнале и растргнале целосно.
Шерифот на Гучланд округот за медиумите откри дека сцената на злосторот била ужасна и една од најстрашните на кои досега посведочил со десетици растргнати парчиња. Засега властите не можат да утврдат што била причината за овој брутален напад, дали вината е во Бетани или пак дошло до некоја непредвидена ситуација.
Таа на рацете и телото имала одбранбени рани што укажува дека била нападната од кучињата додека се уште била жива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.