| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка сообраќајка ноќеска во Аеродром: Со „БМВ“ удриле во столб, возачот загинал на лице место

Едно лице загина, а две се повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска кога патничко возило удри во столб на булеварот „Трета македонска бригада“ кај Раде Кончар во општина Аеродром.ж

Полицијата соопшти дека во несреќата загинал З.В. (1966) кој го возел автомобилот „БМВ“, а повредени се М.К (2000) и К.К. (1993).

Сообраќајката се случила околу 00:50 часот, а по несреќата интервенирала и Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top