| четврток, 6 декември 2018 |

Мултимедијален перформанс вечерва на Плоштадот „Македонија“

“Timing Diagrams”  се реализира благодарение на поддршката на амбасадата на Република Словенија во нашата земја, а ќе се одржи денеска на плоштадот Македонија, (во рамките на овогодинешниот Баскерфест), со почеток во 22:00 часот.

Марко и Боштјан се исклучителни личности- млади и талентирани, а веќе познати и докажани уметници.

Магистер Марко Батиста, живее на релација Лондон-Љубљана и креира представи кои ги има поставувано во сите позначајни галерии на современа уметност во регионов, а активно учествува и на многу познати фестивали и биеналиња.

Боштјан Чадеж е визуелен уметник, на кого му има појдено за рака, нешто што на малкумина им успева. Имено, Боштјан има изработено видео игра, која прераснала во глобален феномен на Интернет. За тоа достигнување Боштјан има освоено прва награда на престижната Game Developers Conference. Иновациите на Боштјан се протегаат низ многу подрачја, а посебно интересни се оние на полето на роботиката, кои ги имплементира во уметнички инсталации и перформанси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top