| четврток, 6 декември 2018 |

Калифорнија се уште гори, пожарот е незаприлив – Се шири кон запад, цели населби ќе проголта во пламен

Пожарот „Томас“ кој зафати територија од над 1 000 километри квадратни полека се поместува и движи кон запад, а доколку уште повеќе се прошири, може да стане најголемиот пожар во модерната историја на САД, пренесува CNN.

Kако што јави пак АП во петокот, пожарникарите во јужна Калиформнија успеале да спасат илјадници домови од огнената стихија, но се уште се обидуваат да спречат ширење на пожарот кон Санта Барбара и ексклузивната населба Монтесито во која живеат повеќе јавни личности.

Како што истакнала портпаролката на пожарникарската служба Лиза Кокс, во гасењето искористени биле послабите ветрови за да се спасат многу домови, но опасноста се уште е тука.

Пожарот кој избувна пред скоро десет дена уништи најмалку 700 куќи и усмрти еден пожарникар.

Задолжителната евакуација се уште е на сила во Монтесито и околината како и во соседниот Самерленд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top