| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Во моментов има внатрепартиска кампања, кандидатите треба да се почитуваат

Лидерот во оставка на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во врска со претстојниот партиски конгрес, денеска изјави дека во моментот има внатрепартиска кампања и, како што рече, кога има внатрепартиска кампња има се и сешто.

– Јас слушнав дел од тие забелешки и затоа се произнесов на мојата фејсбук страна. Испратив одредени пораки, после кои што се надевам дека работите се малку потсредени, рече Груевски.

Посочи дека кога има повеќе заинтересирани, секогаш има и по некој незадоволен.

– Важно е да се почитуваат, бидејќи после 23 декември ќе треба да соработуваат и да бидат на иста страна, да не ги поведат емоциите, туку разумот. На 23 декември да имаме избор што ќе биде без никаква дамка и од 24 декември натаму со здружени сили партијата да продолжи и што е можно побрзо да се врати на власт, изјави Груевски пред Кривичниот суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top