| четврток, 6 декември 2018 |

Почина најстариот жител на Европа

Шпанката Ана Вела Рубио, најстарата личност во Европа, почина на возраст 116 години и 47 денови, во Дом за стари лица во Барселона.

Во истиот Дом, заедно со неа живеела и нејзината 90-годишна ќерка.

Ана Вела Рубио е родена на 29 октомври 1901 година во мало гратче во близина на Кордоба.

Во моментов, најстарата личност во светот е Јапонката Наби Таџима која има 117 година и 134 денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top