| четврток, 6 декември 2018 |

Филхармонија за Шпато: Концерт посветен на музичкиот маг

Македонската филхармонија на 21 декември ќе ја одбележи 30- годишнината од смртта на музичкиот маг Драган Ѓаконовски-Шпато!

На 21 декември (четврток) во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентсво на Џеси Милинер од Германија, кој е задолжен и за аранжманите на композициите, ќе ги изведе едни од најпопуларните теми на човекот кој се смета за зачетник на македонската забавна и џез-музика: „Далечен крај“, „Те носам во себе“, „Молчи една Долина“, „Жолта липа“, „За на почнува живот“…

Како солисти на концертот ќе се претстават неговиот син, врвниот контрабасист Мартин Ѓаконовски, потоа Гордан Спасовски на пијано, Левин Ѓаконовски на тапани и Франческа Рајтер на виолина, а концертот ќе го збогатат и вокалистот Џон Илија Апелгрен и Кирил Кузманов на саксофон.

Македонскиот композитор, диригент и музички аранжер Драган Ѓаконовски-Шпато се смета за зачетник на македонската забавна музика кој зад себе остави вистинско звучно богатство чија убавина, автентичност и влијанието кое што го изврши не е надминато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top