| четврток, 6 декември 2018 |

Ли, Азаренка и Ѓоковиќ финалисти Мелбурн

Во сите три полуфинални меча во Мелбурн парк се играа минимален број сетови

Кинеската На Ли не дозволи реприза на ланското женско финале на првиот тенискиот Гренд Слем, што се однесува до Ѓоковиќ тој е константен во завршницата во Мелбурн. Сето ова по трите полуфиналиња утрово.

31 годишната Ли ја победи Марија Шарапова со 6-2 и 6-2 за второ финалето на Австралија оупен, по тоа во 2011.година, каде ја чека актуелната победничка Викторија Азаренка која лесно со 6-4 и 6-1 беше подобра од американската тинејџерска сензација Слоун Стивенс. Белорусинката ќе ја брани титулата против Ли во сабота.

Ден потоа Новаќ Ѓоковиќ ќе игра за четвртиот пехар на Мелбурншкиот Гренд Слем откако во последниот дел од денешната програма на терен се задржа нецели два часа во кои имаше импресивна партија против Давид Ферер. Шпанецот освои само 5 гема(6-2, 6-2, 6-1) во цел меч што треба да ги загрижи Роже Федерер и Енди Мареј кои утре наутро играат во второто машко полуфинале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top