Предлог -законот за енергетика предвидува нов трошок за домаќинствата кои се приклучени на системот за парно греење, тврди Константин Димитров, еден од креаторите на новиот закон, пренесува ТВ 21.
Според него, граѓаните ќе треба да набават мерачи кои ќе бидат поставени на радијаторите за да ја мерат потрошувачката на топлинска енергија, за да се формира месечната сметка. Ова ќе биде нов удар за луѓето кои одвај се снаоѓаат со своите приходи. Но зошто владините министри не кажаа за овој трошок, иако имаа неколку прилики.
-Сите корисници треба да вградат мерачи на потрошувачката на топлинска енергија, а додека кај електричната енергија и гас тие мерни инструменти се обврска на снабдувачот – на операторот, е овде вели граѓаните тоа треба сами да си го платат. Тоа е едно значително оптоварување, да може секој дома да види колку има радијатори, грејни тела значи, од прилика по 50 евра за секој радијатор и таа дополнителна инвестиција би била од 200 до 300 евра по домаќинство, изјави Константин Димитров од МАЦЕФ за ТВ 21.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.