-Владата која што ја предводев од 2006 до 2016 беше фокусирана на ЕУ-интеграциите. Во овој период добивме неколку позитивни препораки за отворање на преговорите од страна на Европската комисија, но за жал поради билатералниот проблем со Грција, процесот не започна, изјави Никола Груевски на „Академија за млади лидери – дијалог за градење силно општество“ во организација на подмаладокот на партијата – Унијата на млади сили.
– Нашиот фокус да ја трансформираме македонската економија низ привлекување странски директни инвестиции, скратување на административните процедури, стимулирајќи го внатрешниот раст и бенефициите за младите претприемачи, донесоа конкретни резултати, рече Груевски.
Според него, способноста на политичките лидери да прават добро е неограничена, особено за прашања што се важни за граѓаните.
– Вредностите на нашата десноориентирана идеологија треба да се прилагодат на потребите на современото глобално општество. Тоа значи да се работи заедно, да се споделуваат идеи и да се креираат политики за посилна и инклузивна Европа, порача Груевски.
На академијата што се одржува од 14-17 декември во Скопје, учествуваат над 50 млади политичари од Европа, кои се членови на ЕДС, подмладокот на Европската народна партија (ЕПП).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски