| четврток, 6 декември 2018 |

Овој уред никако не го вклучувајте на продолжен кабел: Од нив најчесто избувнуваат пожари

Она на што експертите не предупредуваат е правилно ракување со грејните тела, со оглед на тоа дека голем процент од пожарите избувнуваат токму поради употреба на лоши апарати за домаќинство.

Греалките се втори по ред причинители на пожари, па не е на одмет да обрнете повеќе внимание на нив.

Кога тие неправилно се користат лесно може да станат најголема ноќна мора, а експертите велат дека пожари предзвикани од греалки најчесто избувнуваат, бидејќи биле приклучени на продолжен кабел.

Не е секој продолжен кабел доволно издржлив на различна волтажа на апаратите кои во него се вклучуваат истовремено.

Затоа, греалката вклучена на продолжен кабел никогаш не ја оставајте без надзор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top