На плажите на црногорското крајбрежје, според новиот Закон за туризам, ќе биде забрането за плаќање на влез , пишуваат тамошните медиуми.
Исто така, условот дека мора задолжително да користите лежалки и чадори на плажите во Црна Гора ќе стане минато.
Во предлог законот за туризам, кој е утврден на седница на Владата, се истакнува дека ќе биде забрането условување на задолжително користење на плажни реквизити, а ќе биде забрането и издавање на скутери и држење на истите на плажите.
Ќе биде забрането да се донесуваат домашни миленици на плажа, освен на предвидени локации за тоа, а паркирање на возила исто така нема да биде дозволено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.