Венко Филипче најверојатно ќе биде предлогот на премиерот Зоран Заев до Собранието за нов министер за здравство, брифира висок владин функционер за ТВ 24.
Истиот функционер вели дека во игра е и актуелниот директор на болницата „Осми септември“, Кристијан Костовски, но според него, најверојатно Филипче ќе биде изборот.
Истиот функционер порачува дека Села ќе добие уште една понуда за останување на „Илинденска“ – освен вицепремиер за реформи, ќе му биде понудено и заменичкото место во здравство. Но ништо повеќе од тоа, вели истиот функционер.
– Министер за здравство ќе биде предлог на СДСМ, тоа е решено и затворено прашање. Од Зијадин Села зависи дали ќе остане во влада или пак не – вели висок владин функционер за ТВ 24.
Од друга страна од Алијансата велат дека доколку стигне предлог за министер кој што не е нивното решение најлогичниот чекор ќе биде тие да ја напуштата валдата.
– Алијансата за Албанците му предложи кандидат за министер за здравство на премиерот, очекуваме предлогот во Собрание да биде нашиот кандидат – вели функционер од Алијансата за ТВ 24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче: Маските не го решаваат проблемот со аерозагадувањето
-
Филипче најави нов тендер за реагенси од 35 милиони евра
-
Филип Димишковски е првиот пациент во Македонија кому му е извршена трансплантација на коскена срцевина од несроден дарител
-
Животот со глава се плаќа во мандатот на Филипче: Родилка во кома хоспитализирана на геријатрија