| четврток, 6 декември 2018 |

Артан Груби голем манипулатор

Фарса од амандманска расправа во Комисијата

Михајло Маневски

Големиот манипулатор Артан Груби глуми демократ и европеец. Како Претседател на Комисијата за европски прашања фингира наводна расправа по поднесени амандмани на Законот за употреба на јазиците и грубо го крши Деловникот за работа на Собранието. Со неговите манипиулации и со смислената блокада од пратениците на ДУИ во Комисијата со долги реплики, ја спречи расправата по поднесените амандмани и по ниту еден амандман не се гласаше.

На Артан Груби тоа му беше целта. Целта му беше Законот за употреба на јазиците да оди на пленарна седница на Собранието без никакви амандмани, на која нема да се отвори расправа, туку само ќе се гласа. Зошто глумеше демократија, зошто закажуваше седници на Комисијата, зошто безобзирно манипулитраше со јавноста и со пратениците, кога еднствена цел му беше да се спречи амандманската расправа? Артан Груби тешко ја злоупотреби пратеничката функција и функцијата Претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија и за тоа треба да сноси одговорност.

Денес, на наводно третиот ден од расправата во Комисијата, арогантно јавно признава: “Ставот на ДУИ е дека не подржува никакви промени на Законот, кој е производ на политички компромис“. Поради тоа, од политички, а не од правни причини Артан Груби ја блокираше целата расправа по поднесените 90 амандмани на Законот за употреба на јазиците, од кои 83 се поднесени од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, 4 амандмани од СДСМ и амандмани од други партии и еден амандман од пратеник. Тој ја спроведе партиската агенда на партијата на која и припаѓа со злоупотреба на пратеничката функција.

Законот за употреба на јазиците е целосно спротивен на Уставот на Република Македонија. За цело време овој Закон се турка насилно. Амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат на укинување на одредбите за двојазичност на целата теритиорија на државата и унапредување на употребата на сите јазици на немнозинските заедници. Со амандманите се бара бришење на сите одредби на овој Закон што спротивни на Уставот на РМ. Со овој Закон се руши унитарниот карактер на државата и се воведува двојазичност на целата територија.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев е соучесник на ова фарса и типичен случај на пратеник лицемер и безрбетник. Лажливец од прва категорија, на исто ниво со неговиот партиски шеф Зоран Заев.

Додека Зоран Заев со грубо кршење на Уставот го минира судскиот систем и се меша во работата на судството со прифаќање согласност за меѓународна истрага за случајот “Диво Насеље”, за кој надлежните судски органи спроведуваат кривична постапка и за кој случај е донесена првостепена осудителна пресуда, Томислав Тунтев не се ни обиде да се отвори расправа по амандманите поднесени од неговата пратеничка група. Тој молчи како замелдушен, покриен со цементна прашина. Како учесник во ова фарса, има ли барем доблест да ги повлече тие 4 амандмани, кога веќе Атран Груби јасно му кажува во очи дека ставот на ДУИ е дека не подржува никакви промени на Законот, кој е производ на политички компромис. Овој координатор да има барем малку човештилак, ќе си поднесе оставка, затоа што изигрува обична подметалка и служи за потсмев.

Зоран Заев е подготвен да стори сè, само да се задржи на власт. Тој има свилен гајтан окулу вратот и постапува така како што ќе побараат од него, затоа што во спротивност ќе му го притегнат гајтанот и ќе ја загуби власта.

Зошто го лаже народот, кога сè било политички монтирано да се донесе неуставен Закон за употреба на јазиците на штета на Република Македонија?. Нема храброст на народот да му ја каже вистината и постојано го лаже. Го лаже народот и врши велепредавство на највиталните Уставни вредности на државата, само да се одржи на власт по секоја цена и по цена на опстанокот на државата.

Вреди ли таква власт со која се руши Република Македонија?

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top