Неколкумина средношколци од Скопје, вчера во автобус број 65 во Автокоманда биле нападнати од група насилници.
Случајот го пријавила мајката на еден од повредените. Околу 13:20 часот нејзиниот 15- годишен малолетен син додека се возел со своите четворица другари во автобус на ЈСП со бр.65 кој сообраќал на релација од с.Стајковци до Транспортен Центар- Скопје, во с.Сингелиќ во автобусот влегле повеќе непознати лица на возраст од 15-18 години кои откако се качиле на горниот кат од автобусот најпрво физички го нападнале малолетникот, а потоа и неговите другари.
Истиот се здобил со повреди и во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ му била укажана лекарска помош. Од страна на полициски службеници било излезено на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.