Четири лица биле полесно повредени во две од вкупно 12 сообраќајки регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 незгоди била причинета материјална штета.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шеснаесет возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на крстосница на црвено светло и шест возачи за неправилно престројување. Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и пет кои возеле пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и три нерегистрирани возила.
Санкционирани биле и 14 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и пет пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 90 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 94 возила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот