Триесет и осум годишната Џ.Б.од населба Илинден вчера околу пладне пријавила дека истиот ден околу 7:30 часот додека се движела по ул.19 во населбата била нападната од страна на четири кучиња скитници, при што едно од кучињата ја каснало во предел на грбот.
-Откако паднала на асфалтот другите кучиња ја влечеле за облеката, по што минувачи дошле на помош и ги избркале кучињата, информираат од полицијата.
Оштетената побарала лекарска помош во Ургентен Центар- Инфективна клиника каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.