Реал Мадрид ја надигра Барселона со 79-71 во финалниот петти натпревар од кошаркарското „Ел Класико“ и ја освои титулата во Шпанија со 3-2 во победи. Последниот натпревар се одигра синоќа во Мадрид и го доби најтрофејниот шпански клуб, за прекин на постот од 6 сезони без титула. Реал сега има 31 круна како владетел во Шпанија, а сопрена е и двегодишната доминација на Барселона.
Руди Фернандез одигра одлично и постигна 15 поени, зад него со 14 поени е Фелипе Рејес. Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Барселона Џо Инглс со 25 поени. Литванскиот ветеран Шарунас Јасикевичиус уфрли 23 поени, но Барселона, сепак, загуби иако ги имаше двајцата главни поентери на решавачкиот дуел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија


