| четврток, 6 декември 2018 |

Судури меѓу студенти и израелски војници на универзитетот Ал Кудс

Група Палестинци утрово се судрија со припадници израелската армија во градот Абу Дис, источно од Ерусалим.

До инцидентот дојде кога израелски војници упаднаа во кампусот на Универзитетот Ал Кудс во градот.

Војниците со солзавец и водени топови се обидоа да ги растераат студентите кои протестираа поради рациите на универзитет, на што тие возвратија со фрлање камења кон припадниците на армијата.

Сè уште нема информации за повредени или уапсени.

Веќе неколку дена на палестинските територии расте незадоволство од одлуката на САД да го признае Ерусалим како главен град на Израел.

Конфликтите и демонстрациите се секојдневни, а израелските власти реагираат на тоа со значително поголемо присуство на полицијата и армијата и репресивни мерки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top